More

    Вака британски Економист го оценува спорот меѓу двете земји

    spot_img

    Изгледаше како добра вест од Западен Балкан кога Македонија на 19 јули ги отвори пристапните преговори со Европската Унија. Но радоста беше краткотрајна. Решението со Бугарија врз основа на францускиот предлог ќе ја попречува кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ, а ќе донесе проблеми и за други држави што сакаат да се придружат на европскиот блок. Што содржи договорот и зошто е веројатно дека ќе пропадне, пишува британски „Економист“ во анализата за спогодбата.

    – Се чинеше  дека компромисот предложен од Франција ќе понуди излез од ќорсокакот. Но изгледот може да измами. Првенствено, договорот официјално ги увезува историските меѓудржавни спорови во преговарачката рамка на ЕУ. Мешовитата историска комисија веќе работеше на нивно разрешување. Но сега, според договорот, ако Македонците не се согласат со интерпретацијата на бугарската страна, пристапниот процес, врз кој секоја членка на ЕУ може да стави вето во секоја фаза, нема да продолжи понатаму – наведува Економист, додавајќи дека Македонија, според договорот, треба да направи и уставни промени за да удоволи на бугарските барања.

    Спогодбата поставува и загрижувачки преседан, според британскиот магазин. Пристапниот процес вообичаено вклучува проценка на силните страни на економијата и на политичките и судски институции на земјата-кандидат. А сега, во случајот на Македонија, во процесот се вметнати и историски прашања кои датираат до 10 век.

    Се посочува и дека Хрватска, која е членка на ЕУ, би можела да се покаже подеднакво тврдокорна кон земјите од Балканот што не се во Унијата. Во прилог на ова тврдење е посочена листа барања од хрватската Академија на науки и уметности, која смета оти хрватската влада треба да им ја наложи на Србија, Црна Гора и БиХ, ако сакаат да влезат во ЕУ. Се смета и дека Полска би можела да има слични барања за Украина.

    – Спорот помеѓу Бугарија и Македонија беше засрамувачки за лидерите на ЕУ. ЕУ беше основана за да ги разреши споровите помеѓу членките. Сега ризикува да ги засили – заклучува Економист.

    Економист пишува дека е типично за Балканот, корените на проблемот да се сложени. Откако Османлиите беа протерани од регионот во 1912 година, територијата сега позната како Северна Македонија беше освоена од Србија. Чувствувајќи се измамени, Бугарите ја окупираа за време на двете светски војни. Но, во 1944 година таа стана македонска република, дел од новосоздадената комунистичка земја Југославија.

    – Кога Југославија се распадна во 1991 година, Грција го оспори правото на новата земја да се нарекува себеси Македонија, тврдејќи дека има ексклузивни права на името (кое го дели регион во северна Грција). За да се стави крај на кавгата, во 2018 година земјата се согласи да се нарекува Северна Македонија. Грција се откажа од своето противење Северна Македонија да влезе во ЕУ и НАТО; таа се приклучи на воената алијанса во 2020 година. Но, Бугарија ја презеде диригентската палка во ЕУ истата година. Нејзините водачи тврдеа дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот, дека македонската „нација“ всушност се состои од луѓе кои првично биле Бугари и дека републиката била лажна конфекција на комунистичките водачи на Југославија – стои во објавата на Економист.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img