More

    Утрово се соборени два дрона кои се движеле кон рускиот главен град

    spot_img

    Руската противвоздушна одбрана собори две борбени беспилотни летала кои се движеле кон Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин.

    „Потврден е обид на две борбени беспилотни летала да се пробијат во градот. Двете беа соборени од воздушна одбрана. Едниот во близина на Домодедово (на југ на Москва), другиот во близина на автопатот за Минск, на запад од Москва“, напиша Собјанин на Телеграм, без да прецизира кој е одговорен за нападот.

    Тој додаде дека засега немаат инфомација за можни жртви и нагласи дека спасувачките служби се на местото на настанот.

    Напади со украински беспилотни летала се случуваат на руска територија изминативе недели, а целта често е Москва и анектираниот полуостров Крим.

    Властите велат дека Москва била цел на повеќекратни напади со беспилотни летала минатата недела, од кои еден оштетил зграда во главниот деловен кварт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img