Метеоролозите за утре нѐ информираат дека ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Берово до 8 во Гевгелија, а максималните дневни од 8 во Маврово и 14 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 13 степени.
В понеделник нѐ очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 7 степени до 13 степени.
Метеоролозите за во вторник најавуваат дека ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за локален дожд.
Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 9 степени до 16 степени.



























