Украинските сили продолжуваат да го контролираат опколениот јужноукраински пристанишен град Мариупол, изјави висок функционер на украинската безбедност Олексеј Данилов.
– Мариупол се држи и никој нема да го предаде – изјави Данилов, цитиран од британските медиуми.
Вицепремиерката Ирина Верешчук претходно денеска соопшти дека украинските власти се надеваат дека дел од заробените цивили во градот Мариупол, што е под руска опсада, денеска ќе можат да се евакуираат со приватни автомобили.