More

    Украински полковник уапсен како воен профитер

    spot_img

    Украинските власти објавија дека привеле поранешен воен комесар за мобилизација под сомнение дека купил вила во Шпанија за околу 4 милиони евра за време на руската инвазија на Украина. Украинското Државно истражно биро (ДБР), кое ги истражува случаите на корупција на високо ниво, го приведе Евген Борисов во Киев, два дена откако издаде налог по него, како дел од заедничката операција со државното правобранителство.

    Осомничениот „се обидел да избега менувајќи го телефонскиот број, регистарската табличка на автомобилот и местото на живеење“, се додава во соопштението на ДБР. Полковникот Борисов беше задолжен за мобилизација и регрутирање во регионот на Одеса, на југ, сè додека не беше ослободен од должноста по извештаите во медиумите.

    Тој е осомничен за „незаконско богатење“ и обид за избегнување воена служба, за што му се заканува „затвор до десет години“, велат од ДБР. Истражната канцеларија во мај објави дека овој функционер, во замена за поткуп, им наредил на подредените да не мобилизираат некои луѓе, во времето на руската инвазија која започна во февруари 2022 година.

    Работата ја откри влијателен украински медиум, кој наведува дека мајката на Евген Борисов, која е пензионерка, во декември 2022 година станала сопственичка на вила во Марбела, популарна туристичка дестинација на југоистокот на Шпанија, вредна околу 4 милиони евра.

    Покрај тоа, сопругата на Борисов купила деловен простор во Марбела за речиси 740.000 евра, а нејзината свекрва во последните години купила неколку луксузни автомобили, наведува истиот извор. Државната антикорупциска агенција (НАЗК) минатата недела објави дека го сомничи поранешниот функционер за „незаконско богатење“ и проневерени 4,59 милиони евра.

    Борбата против корупцијата, ендемично зло во Украина, која беше меѓу посиромашните европски земји уште пред руската инвазија, е еден од условите на Европската унија за зачувување на кандидатскиот статус на Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img