More

    Украина нападна, Русите одговорија со ракети во Киев

    spot_img

    Њујоршки Тајмс пишува дека главната фаза од украинската контраофанзива почнала и дека Украина „фрлила во битка илјадници резервисти“ од кои многумина биле обучени на Запад. Според извори за весникот, ако биде успешна операцијата ќе трае една до три недели.

    Руските власти во Доњецката народна република потврдија дка Украинците истрелале 12 ракети од повеќецевни ракетни системи во регионот. Новиот бран на украинската контраофанзива започнува во Запорожје, а цели кон југ. Михајло Федоров, украинскиот министер за дигитализација на Твитер соопшти дека 1.700 дронови ќе бидат пратени да помогнат во украинската акција.

    Дека вчера започнала главната фаза од контраофанзивата потврди и американскиот Институт за проучување на војната ИСВ.

     

     

    Русија одговори на нападите со воздушни напади. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм потврди дека „имаше неколку удари“ кои ја пробиле украинската противвоздушна одбрана. Очевидци за ТАСС изјавиле дека силна експлозија го потресе Киев. Видеото се појави на социјалните мрежи.

    Нападнато било пристаниште во Одеса и убиен е чувар.

    Украинските медиуми објавија и дека експлозиите одекнале во регионите на Днепропетровск, Житомир, Кировоград, Лавов и Хмелницки.

    Експлозиите во градот Староконстантиновка во областа Хмелницки беа пријавени во областа на воениот аеродром.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img