More

    Угледен бизнисмен и тројца членови на неговото семејство беа убиени во Ирак

    spot_img

    Иранската револуционерна гарда директно го нападна главниот град на ирачки Курдистан, Ербил, со балистички проектили нешто пред полноќ во понеделникот по локално време.

    Целта не беше, како што првично се шпекулираше, голем нов американски конзулат или база на американски војници на меѓународниот аеродром во Ербил. Ирански проектили паднаа врз куќата на познат локален бизнисмен, при што загинаа тој и членовите на неговото семејство. Низ градот се слушнале експлозии кои вознемириле многу жители, пишува „Форбс“.

    Иранската револуционерна гарда веднаш ја презеде одговорноста за истовремен напад врз Сирија. Во Ербил, моќната паравојска тврди дека нејзините проектили биле насочени кон „штабот на Мосад“ како одмазда за претходното убиство на член на иранската гарда од страна на Израел, тврдејќи дека целта „била одговорна за планирање и спроведување на шпионски операции и терористички активности во регионот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img