More

    Убиен е уште еден лидер на исламскиот џихад

    spot_img

    Палестинскиот исламски џихад (ПИЈ) денеска потврди дека уште еден висок командант на организацијата бил убиен во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, јави Ал Џезира.

    „Бригадите Ал-Кудс тагуваат за загубата на водачот Калед Мансур, член на нашиот совет за безбедност и командант на јужниот регион на Појасот Газа. Тој беше убиен вчера во израелски воздушен напад“, се вели во соопштението на палестинската група, пренесува Ројтерс.

    Бригадите Ал Кудс се вооруженото крило на палестинскиот исламски џихад, кој вчера го отфрли предлогот на Египет за воспоставување привремен прекин на огнот со Израел, објави претходно телевизијата Ал Мајаден поврзана со Хезболах.

    „Сега е време да се одговори на злосторствата на окупацијата“, изјави за Ал Мајадена извор од палестинскиот Исламски џихад.

    Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 29, додека повеќе од 250.204 лица се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство.

    Во израелската операција во Газа загинаа и шест деца.

    Мансур е вториот висок припадник на Исламскиот џихад кој е убиен за два дена, по смртта на северниот регионален командант Тајсир ал Џабари во петокот.

    Палестинските борци одговорија на израелските напади со лансирање на повеќе од 400 ракети кон Израел. Повеќето од нив биле пресретнати, додека во Израел нема информации за жртви.

    Израел најави дека неговата операција во Газа може да трае една недела.

    Израел „во моментов не преговара за прекин на огнот“, изјави израелскиот воен портпарол.

    Новиот бран на насилство ги зголеми стравувањата од нова војна во Газа, 15 месеци по едномесечната ескалација во која загинаа повеќе од 260 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img