More

    Уапсена мексиканска мисица која се претставила како Мирка Голубовиќ и украла вино вредно 1,6 милиони евра

    spot_img

    Хрватската полиција на граничниот премин Карасовиќи со Црна Гора фати две лица осомничени во Шпанија дека украле 45 шишиња вино вредни неверојатни 1,6 милиони евра!

    Станува збор за поранешната мексиканска кралица на убавината Присила Лара Гевара (28) и нејзиниот партнер, романско-холандскиот државјанин Константин Габриел Думитар (47). Уапсената Присила своевремено учествувала на изборот за Мис на светот.

     

    Шпанија по нив распиша европска потерница за апсење, а грабежот на скапото вино беше извршен уште во октомври минатата година во Атрио, еден од најугледните шпански ресторани во градот Какерес.

    Мексиканската државјанка Присила пред девет месеци влегла во хотел во Какерес и изнајмила соба на рецепција, регистрирајќи се со лажен швајцарски пасош на име Мирка Голубиќ. Во престижниот ресторан на хотелот, кој има две Мишелин ѕвезди, таа резервирала место за вечера за себе и својот партнер Константин. По вечерата, на покана на домаќинот, двајцата отишле во разгледување на винската визба. Реномираниот ресторан во хотелот имал пракса на своите гости да им ја покажува визбата во која најскапо вино било шише Шато д’Икем (Chateau d’Yquem) од 1806 година проценето на 310.000 евра.

    Шпанските новинари пишуваат дека по обиколката на винарската визба, парот отишол во собата, а потоа Присила во 1:30 часот по полноќ го замолила рецепционерот да ѝподготви нешто за јадење, бидејќи ресторанот бил затворен. Додека тој подготвувал десерт во кујната, Константин се симнал од собата и со магнетна картичка ја отворил вратата од винарската подрум и за десет минути украл 45 шишиња вино. Ги однел во три ранци, а шишињата ги обвиткал со хотелски крпи за да не се скршат или да прават бучава.

    В зори, во 5:30 часот, парот се одјавил од хотелот и мирно си заминал. Персоналот на хотелот дури седум часа подоцна го забележал исчезнувањето на 38 ретки шишиња вино Romanee Conti и седум шишиња Chateau d’Yquem од 19 век.

    Крадците ќе бидат екстрадирани во Шпанија за десет дена.

     

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img