Австрискиот диригент Стефан Солтес почина синоќа откако колабира додека диригираше со оркестарот во Националниот театар во Минхен за време на оперска изведба.
– Солтес колабираше додека диригираше со операта „Тивка жена“ на Рихард Штраус. Загубивме талентиран диригент и добар пријател – изјави генералниот директор на Баварската државна опера, Серж Дорни.
Засега нема детали за причината за неговата смрт.
Седумдесет и тригодишниот диригент со унгарско потекло работел во некои од најпрестижните европски оперски куќи и театри во својата петдецениска кариера, како во Виена, Грац, Хамбург, Берлин, Париз, Москва, Женева, Цирих и во Рим.