More

    Уапсен поранешен боксер за обид за убиство: Претепал гостин на сплав во Белград

    spot_img

    Боксерот Петар М. е уапсен под сомнение дека брутално претепал гостин на белградски сплав на кој бил вработен како работник во обезбедувањето, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВП). Тој е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство во обид.

    Се сомничи дека ноќта меѓу петокот и саботата околу 00:30 часот на сплав на кејот Сава, неколку пати удрил триесетгодишен маж по главата и му нанел тешки повреди опасни по живот, пишува нова.рс

    На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

    Според Блиц, Милош В.(30) се здобил со фрактура на черепот, хематоми на черепот и мозокот и крварење на мозокот. Тој е сместен во Ургентен центар во вештачка кома и неговиот живот е во животна опасност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img