More

    Зеленски посочи дека целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видео обраќање изјави дека се водат „жестоки борби“ во пограничните делови во регионот на Харков, каде што илјадници луѓе се раселени од почетокот на руската офанзива во петокот.

    – Одбранбените и жестоки борби продолжуваат на голем дел од нашата граница. Има села кои од „сивата зона“ се трансформирани во борбени зони, во некои окупаторот се обидува да се консолидира, а други се искористени за понатамошно напредување. Конкретно, ситуацијата е многу комплицирана во предградијата на Вовчанск, градот е под постојан руски оган, а украинските сили таму спроведуваат контра-акции и му помагаат на локалното население – рече Зеленски.

    Посочи дека ситуацијата на фронтот е најтешка во Покровск, каде што само денеска имало триесетина борбени операции.

    Според него, целта на нападот во регионот на Харков е да се растегне украинските сили и да се поткопа моралот и мотивацијата на Украинците да се одбранат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img