More

    Црногорец на возраст пријавил дека на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица

    spot_img

    Црногорец на возраст од 52 години вчера попладне пријавил дека околу 10.30 часот на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица, извести МВР.

    Според пријавеното, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра.
    Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата, информира МВР.

    Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img