More

    Цените на нафтата рушат рекорди, може да надминат и 100 долари

    spot_img

    Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 4% минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 5 месеци, што најмногу е последица на зголемените тензии на Блискиот Исток.

    На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 4,2%, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 4,5%, на 86,91 долар.

    Трговците се загрижени и за нападите на украинските беспилотни летала врз рафинериите во Русија, кои, според пресметките на Ројтерс, можеби блокирале околу 15% од рускиот капацитет за преработка на нафта.
    Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците на картелот, вклучително и Русија, ја потврдија, сепак, на минатонеделниот состанок одлуката за ограничување на производството, барајќи од поединечните земји построго да се придржуваат до доделените квоти.

    „Построго следење на усогласеноста со квотите треба да резултира со дополнителни намалувања на производството во вториот квартал“, напишаа аналитичари во белешка до клиентите.

    Аналитичарите на JPMorgan пресметаа дека светската побарувачка за нафта се зголемила солидно во првиот квартал, за 1,4 милиони барели дневно.

    Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годината цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за повеќе од 18%, а на американскиот пазар за околу 21%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img