More

    Цените на нафтата повторно се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина

    spot_img

    Цените на нафтата повторно  се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува Си-Ен-Би-Си.

    Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта.

    Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто. Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел.

    Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни м аксимални вредности во март и паднаа за повеќе од 20 отсто до нешто под 100 долари за барел минатата недела. На крајот на неделата повторно се зголемија и повторно го поминаа тој праг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img