More

    Цените на маслиновото масло ги уриваат сите рекорди

    spot_img

    Цените на маслиновото масло ги уриваат сите рекорди бидејќи екстремните суши во големите земји производители ги намалија залихите. Ова, исто така, ги поттикна крадците да крадат се повеќе и повеќе од ова „течно злато“.

    Глобалните цени на маслиновото масло се зголемија на 8.900 долари за тон во септември. Главната причина се големите суши во Медитеранот, се вели во неодамнешниот извештај на американското Министерство за земјоделство. Просечната цена веќе беше за 130 отсто повисока во август во однос на претходната година и трендот на раст не покажува знаци на намалување.

    Шпанија, најголемиот светски производител и извозник на маслиново масло, со месеци е погодена од интензивна суша. Според податоците на компанијата Mintec, специјализирана за истражување на пазарот на стоки, производството на маслиново масло во Шпанија паднало на околу 610.000 тони – што е пад од повеќе од 50 отсто во споредба со вообичаените 1,3 до 1,5 милиони тони.

    „Падот на производството во другите големи европски земји производители на маслиново масло, вклучително Италија и Грција, каде што преовладуваат суви услови“, рече аналитичарот на Mintec, Кајл Холанд за CNBC.

    Цените на маслиновото масло во шпанска Андалузија во септември скокнаа на 8,45 евра за килограм. На годишно ниво станува збор за пораст на цените од дури 111 отсто, а сегашната цена е највисока забележана во историјата на шпанското маслинарство.

    Зголемените цени на „течното злато“ поттикнаа зголемен број кражби. На крајот на август од шпанската семејна фабрика за масло Марин Серано Ел Лагар исчезнаа околу 50.000 литри екстра девствено маслиново масло во вредност од повеќе од 420.000 евра.

    Непосредно пред тоа, крадци украле 6.000 литри екстра девствено маслиново масло во вредност од 50.000 евра од фабриката за масло Тераверне.

    Аналитичарот Кајл Холанд предупредува дека глобалните резерви на маслиново масло би можеле да завршат пред октомври, кога вообичаено пристигнува новата жетва.

    „Работите дополнително се комплицираат со одлуката на Турција, исто така значаен производител, да го прекине извозот на маслиново масло до 1 ноември“, рече аналитичарот.

    Во сите овие земји цената во меѓувреме вртоглаво порасна. Минатиот месец во Португалија беше 616 евра (+86 отсто), во Шпанија 775 евра (+107 отсто), во Грција 763 евра (+121 отсто) и во Италија 895 евра (+99 отсто). Во Хрватска во однос на август лани поскапеле за 36,5 отсто и 100 килограми се продадени за 1049 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img