More

    Цената на струјата ќе ги затвори пречистителните станици

    spot_img

    Високата цена на струјата ќе ги затвори пречистителните станици ширум Македонија, предупредува Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

    Тој објаснува дека институциите кои раководат со пречистителните станици се соочуваат со неможност да ги платат високите сметки за електрична енергија и дека тие институции веќе најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода.

    – Пречистителните станици се актуелни деновиве поради виоските сметки за струја кои им доаѓаат. Одговорните лица на пречистителните станици во градовите каде што ги има, најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода. За тоа разговарав со раководителот во Управата за животна средина и отпадни води за да направат една информација до Владата – алармираше Стојковски.

    Тој предупреди и на тоа дека есенва голем дел од фабриките наместо гас ќе користат мазут и други нееколошки горива. Енергетската криза ќе предизвика и зголемено загадување на воздухот, велат од Државниот инспекторат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img