More

    Трите „ер трактори“ вклучени во обидот да се изгасне пожарот

    spot_img

    Пожарот кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се гасне, но се уште постои опасност да се прошири кон ветерниците кај Богданци.

    Како што информираше градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот се гасне, но е дојден под ветерниците и се прават големи напори тој да не ги зафати.

    – Во гаснењето учествуваат три авиони „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од Гевгелија и Валандово и општинското комунално претпријатие. Се надеваме дека нема да дојде до проширување на пожарот кон ветерниците и со заедничко дејствување ќе се успее да се стави пожарот под контрола – изјави Шапов.

    Инаку, силниот пожар избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img