More

    Трипуновски вели дека градобијниот систем не функционира

    spot_img

    Премиерот Ковачевски да не се брука со соопштенија и веднаш да го разреши директорот на УХМР, бидејќи градобијниот систем не функционира, повикува Цветан  Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

    „Ковачевски наместо да се брука со соопштенија за кои им требаше половина ден да ги напишаат, да го разреши директорот на УХМР веднаш зошто не постапил, а ЈО да поведе постапка.

    Видовме како функционира градобијниот систем. Скопје буквално го живееше потопот, градот кој паѓаше оштети голем број објекти и возила“, напишал Трипуновски.

    „Доколку системот за засејување на облаци функционираше штетите ќе беа намалени, а невремето немаше да причини толку големи штети, како што тоа сега е случај. Ковачевски може само да им се заблагодари на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои вчера ја завршија и својата, но и неговата работа, за народот да не трпи штети“, додава тој.

    Трипуновски уште синоќа за Канал 5 даде изјава дека Владата склучила нефункционален договор со приватна фирма за временски непогоди, која троши милион евра годишно. Министерството за земјоделите, шумарство и водостопанство му одговори дека се работи за градобијниот систем кој според нив заштитува 80 отсто од земјоделските површини и ги исполнува стандардите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img