More

    Ова е почеток на една битка со цела криминална банда, изјави Боки 13

    spot_img

    Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека Зоран Милевски-Кичеец го пријавил поради статусот во кој вели дека лица блиски до него пробуваат да го замолчат.

    Тој посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторени кривични дела за кои тој има докази па додаде:

    – Тоа ќе биде предмет на постапка, а ова го чувствувам како директен притисок бидејќи се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју. Пријавителот, Кичеец, беше еден од лицата за кои зборував – рече Јовановски.

    Од авион се гледа, додаде тој, дека е тенденција во прашање, притисок во прашање.

    – Знаете како човек кој цел живот се заканувал и се занимавал со таков тип на работа, овде единствено што ми се поклопува е да ја кажам онаа народната: кога крадецот вели држете го крадецот. Така што, заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство. Беспредметно е и трошење време за полициските службеници кои мора да ја запазат формата – додаде Јовановски.

    Тој додаде дека очекуван е стравот на Кичеец.

    – Поради тоа што, човек кој толку многу се огрешил пред законот, а не одговарал за сите грешки соодветно, човек кој нанел многу злодела за кои не бил санкциониран навремено, очекувано е да има вакви потези како овие. Јас сум решен, ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда, а во таа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец – рече Боки 13.

    Прашан дали се плаши дека може да биде ликвидиран, тој рече:

    – Не. Знаете како, има непријатност и немагодност која се случи вчера повеќе поради семејството. Да се разбереме, докажано е дека овие луѓе се спремни на многу работи, дека се спремни на се – покажано, докажано, видено, чуено. Не се санкционирани за своите постапки соодветно поради дерогираниот систем во кој живееме. Но дека може да се очекува се, особено кога давеник се фаќа за сламка спас… Па така не можам да кажам дека имам конкретен став, но треба да бидам претпазлив – порача Јовановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img