Искусниот професионален сурфер Џејмс Цивил загина додека сурфаше во водите во близина на неговиот дом.
Цивилот пред само неколку дена учествуваше на 35-от годишен натпревар во сурфање во својата земја, а после тоа реши со прилично големи велови да сурфа малку повеќе.
Кога тој ден го „јазел“ најголемиот бран, водата го совладала и го повлекла под површината. Кога сфатиле дека нешто не е во ред, неговото семејство и пријателите кои во тој момент биле на плажата веднаш повикале брза помош.
Иако пристигнале многу брзо и го извлекле Цивилот од водата, и покрај натчовечките напори, не успеале да го оживеат.
„Тој сакаше големи бранови“, рече Хома Матингли, братот на сопругата на Цивил, по несреќата.
Неговите пријатели и колеги биле шокирани од настанот, токму поради тоа што 35-годишниот сурфер имал огромно искуство.
“Не можам да поверувам. Кога ќе видите дека Џејми имал триесет години, дека е силен, потполно здрав, дека е навикнат да јава големи бранови – едноставно сум шокиран“, изјави Линдон Фербарн, претседател на Здружението на сурфери.
Џејмс Цивил зад себе остави сопруга и две деца.