More

    Тмурното време кое беше предизвикано од прашината која веќе неколку дена ни доаѓа од Сахара, продолжува и денеска

    spot_img

    Тмурното време кое беше предизвикано од прашината која веќе неколку дена ни доаѓа од Сахара, продолжува и денеска.

    Според дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денешниот ден и во текот на ноќта ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина над целата територија на Македонија, а веќе од утре се очекува небото да се разведри.

    – Последниот ден од март помина во знакот на невообичаено топло време за овој период од годината. Поради изразеното јужно и југозападно струење на висина, од Сахара кај нас пристигна најавениот облак од прашина и песок, со што и атмосферата беше многу заматена, а времето e мачно и спарно – рече метео прогнозерот Славчо Попоски.

    Облакот од прашина и песок од Сахара е над Балканскиот Полуостров, придружен со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

    Попоски вели дека денеска во Македонија се очекува максимумот на раниот летен топлотен Африкански бран, со што и температурите ќе бидат највисоки, а времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на умерена локална облачност. Во текот на денов ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

    – Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачат во интервалот од 23 до 29 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да се искачат до 30 степени. Не се исклучува можноста температурите во најтоплите предели некаде да се искачат дури и над 30 степени – вели Попоски.

    Главниот град на Грција, Атина, на 28 март се најде во облак од прашина и песок стасани од пустината Сахара во Северна Африка. Овој феномен е проследен со особено високи температури.

    Атина често се наоѓа на патот на тие песочни бури. Во центарот на Атина на 27 март беа измерени 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена.

    Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки.

    – Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и со габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, особено за респираторниот систем – предупреди Сојузот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img