More

    Лука Дончиќ се загреа со уникатен кош од семафорот, соиграчите занемеа

    spot_img

    Лука Дончиќ доминираше уште на загревањето и ја воодушеви публиката со еден надреален потег, а потоа го предводеше Далас во победата против Хјустон (125-107) и урна уште еден голем рекорд.

    Дончиќ на загревањето во еден момент ја фрли топката високо до семафорот, удри во него, се одби, а потоа топката се врати, удри во таблата и заврши во кошот – на општо задоволство на соиграчите и на публиката.

     

    Самиот Дончиќ беше „ладен како шприц“, додека недолго потоа доминираше на паркетот и влезе во историјата со најмногу постигнати тројки во историјата на Далас маверикс.

    Словенецот имаше 47 поени, 12 скока и 7 асистенции. Покрај тоа, тој го собори рекордот на франшизата за најмногу постигнати тројки и го симна Џорџ Меклауд од првото место.
    Дончиќ постигна 9 тројки против Хјустон и го израмни и личниот учинок кога се во прашање тројките на еден меч Исто така, тој имаше неколку неверојатни потези кои ја воодушевија НБА.

     

    Далас врза 7 победи во серија, вкупно 11 во последните 12 меча, а сега го држи петтото место во Западната конференција во НБА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img