More

    Термоелектраната ќе работи со полн капацитет во текот на зимата

    spot_img

    Рударско енергетскиот комбинат Битола се подготвува за новата грејна сезона, во која се планира во функција да бидат сите три блока, а се проценува дека резервите на јаглен за ископ во рудникот се доволни за следните 10 до 15 години.
    Ова го соопшти генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски на денешната инфо-тура за медиумите, при посетата на рудникот Суводол и РЕК Битола, кој е најголемиот капацитет за производство на електрична енергија во Македонија.
    – Според инспитувањата кои ги имаме, рудникот Суводол, заедно со доплонувањето, има уште 36 милиони тони јаген, плус дополнителните 20 милиони тони од Брод-Гнеотино, од каде исто така во моментов се врши ископ на околу милион тони годишно. Наскоро треба да биде во функција и рудникот Живојно, кој има капацитет од 25 милиони тони јаглен – рече Ковачевски.
    Тој информираше дека, кога се во функција сите три блока во РЕК Битола, дневната потрошувачка на јаглен изнесува 18.000 тони.
    Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски истакна дека ископот на јаглен во Суводол се врши 24/7, без престан и дека значително е зголемено работењето со сопствни капацитети.

     

    – Ископот на јаглен се врши нон-стоп, за што во функција се четирите големи багери кои копаат само јаглен, како и двата помошни, кои ја отстрануваат јаловината со цел да се дојде до јагленот – рече Матевски.
    Во моментов во функција е само блок 2, додека најавениот ремонтот на блок 1 ќе биде завршен во текот на викендот, по што тој ќе биде вратен во употреба. Се очекува наскоро да пристигне трафостаница, за да се замени таа што лани се запали, и во ноември и таа ќе биде во функција.

    За зголемување на квалитетот на домашниот јаглен, се увезува поквалитетен јаглен од Албанија и и од Грција, затоа што домашниот има помала енергетска вредност и не ги задоволува потребите.

    Од ЕСМ велат дека значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена на електричната енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img