More

    Таткото на осомничениот за убиството на Данка одби да сведочи

    spot_img

    Во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Заечар, денеска продолжи сослушувањето на сведоците во истрагата за убиството на Данка Илиќ, меѓу кои бил и Душан Јанковиќ, таткото на осомничениот Срѓан Јанковиќ. Душан го искористил законското право да не сведочи во постапката против неговиот син и против Дејан Драгијевиќ, објави српски Б92.

    Душан, како и мајката на осомничениот Дејан, е привилегиран сведок и може да одбие да сведочи во постапката против близок роднина, односно неговиот син.

    Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиство на 2-годишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага 20 дена, а откако ќе бидат испрашани сите сведоци, осомничените ќе бидат испратени на психијатриско вештачење.

    На 26 март во Бањско Поље, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле Данка со службено возило „фиат панда“, ја задавиле и ја фрлиле на дива депонија на Старобањски пат, според признанието на Дејан на 4 април.

    Телото на девојчето, по кое се трага, сѐ уште не е пронајдено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img