More

    Таравари: Албанскиот јазик да влезе во Уставот

    spot_img

    Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во интервју за Гласот на Америка од Вашингтон, зборуваше за актуелната политичка ситуација во Македонија.

    За евентуалните измени на Изборниот законик, Таравари рече дека неговата партија е за отворени листи, но останува отворено прашањето колку избирачки единици треба да има.

    – Барањата на помалите македонски партии се за една изборна единица и да има отворени листи. Сите сме за отворени листи без исклучок. Останува да се разговара дали ќе имаме една ИЕ, 6 ИЕ како сега или предлогот на нашата партија, а тоа е 8 избирачки единици – истакна Таравари.

    Во однос на Уставните измени и вклучувањето на Бугарите во Уставот, претседателот на АА вели дека партијата ги поддржува уставните измени и посака овие измени да се случат што поскоро.

    – Нашето барање е да се тргне 20%. Во Македонија имаме официјален албански јазик, но тој се нарекува јазик што го користат 20% од граѓаните, а нашето барање е 20% да се замени со албански јазик. Ова го поддржуваат сите албански политички партии, но и македонските политички партии декларативно – рече првиот човек на АА, Таравари.
    Тој додаде дека нивното барање ќе оди до крај, така што и албанскиот јазик официјално ќе влезе во Уставот на Македонија.

    На прашањето како да се излезе од ситуацијата со потфрлување на македонското судство, Таравари нагласи дека владеењето на правото е една од најслабите точки на Македонија.

    – Владеењето на правото е една од најслабите точки на функционирањето на македонската држава и за ова сме добиле многу препораки од меѓународниот фактор, но и од релевантни амбасадори. Сега Министерството за правда го води кадар на Алијансата за Албанците и верувам дека веќе почнаа некои процедури за стабилизирање на судовите и обвинителството – нагласи Таравари.

    Тој смета дека мора да се најде начин да се исчисти судскиот систем, како што е ветингот или некоја друга форма.

    – Довербата на граѓаните во правосудниот систем е 4-8%, ова е катастрофално, верувам дека во овој период со промените што ќе ги предложиме како Министерство за правда, оваа доверба ќе се зголеми и граѓаните ќе забележат дека има промени во правосудниот систем – изјави за Гласот на Америка претседателот на АА, Арбен Таравари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img