More

    Николоски предупредува дека ќе следат низа барања на Бугарија за промена на историјата

    spot_img

    Не треба да се чуди зошто 85% од етничките Македонци се против таканаречениот француски предлог. Тоа е повеќе од вкупниот број луѓе коишто излегуваат на избори и што излегле кога било избори.

    Ова го истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, денеска на седницата на Комисијата за европски прашања.

    -Ние за жал сѐ уште не можеме да започнеме преговори. Прво тоа беше проблемот со Грција, сега еве проблемот со Бугарија и за жал државата стои во место во делот на напредокот на ЕУ, а со тоа се блокираат и воени процеси, најчесто неправилно и многу често во однос на основните човекови права или основното човечко достоинство, мислам дека нема втор пример каде што на вака систематски и темелен начин се  удира врз основните човекови права, правото на самоопределување, правото на користење на мајчин јазик, правото на цитирање, на здружување, на самоопределување – рече Николоски.

    Според него, јасно е дека патот на Македонија кон ЕУ ќе оди паралелно на два колосека.

    – Едниот колосек ќе биде доколку почнат преговори кои што се во делот на тие рамки, а вториот ќе бидат преговори со Бугарија. И ова го зборуваме подолг временски период, за жал, од власта добиваме розеви приказни кои што не се вистинити – кажа Николоски.

    Тој укажа дека крајно понижувачки за Македонија е да треба да менува историја или со сила да ги тера луѓето да сменат национално определување само затоа што некој тоа го побарал, а очигледно е дека и во следниот период ќе има такви работи.

    – Во таа насока мислам дека е крајно понижувачки за Македонија да треба да менува историја или со сила да ги тера луѓето да сменат национално определување само затоа што некој тоа го побарал, а очигледно е дека и во следниот период ќе има такви работи. Барањето за промена на Уставот која ја слушнавме сега не е крај туку почеток на реализација на вакви барања. Точно е дека постојат и други држави кои што разговараат за историјата но ни една друга држава не била условена со промена на сопствената историја со цел да напредува во европските интеграции како што е условена Македонија. Работата на историската комисија стана дел од преговарачката рамка преку условувањето на протоколите коишто оваа комисија треба да ги усвојува и да ги имплементира после тоа, а тоа практично значи да се прифаќа еднострано гледање на историјата, во спротивно државата нема да напредува. Впрочем, слушнавме тука и еден пример, а тоа е дека националната фигура број еден на оваа држава сега беше прогласена за нешто што во ниеден момент не сме ја доживеале. Затоа мислам дека никој не треба да се чуди зошто 85% од етничките Македонци се против таканаречениот француски предлог. Да поедноставам, тоа е повеќе од вкупниот број луѓе коишто излегуваат на избори и тоа било кога и на кои било избори.  И ова однесување на Бугарија дополнително ќе создава револт и отпор кај луѓето, треба да сте свесни за таа работа и ќе прави невозможно било каков напредок. Ваквата политика на уцени и притисоци само ќе води кон контра ефект на другата страна зашто никој не сака да биде национално понижен, ниту било кој сака да му се диктира перцепцијата за себе, вистината за себе и вистината за неговите предци – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img