More

    Светска банка најавува рецесија, тврди ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    „Според Светска банка, Македонија ја очекува рецесија. Нашата земја има највисока инфлација до сега, но и најнизок раст на БДП. СДСМ ја влече Македонија во бездна, банкрот и во иселување“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

    Пет години како СДСМ е власт, јавниот долг е зголемен за повеќе од 2,5 милијарди евра. Секоја година генерираат нов долг од над 500 милиони евра. А во исто време растот на БДП е околу 400 милиони, тврди опозициската партија и додава:

    „Секоја година со СДСМ повеќе се задолжуваме отколку што има раст економијата. Политиката на СДСМ ја влече Македонија во бездна и банкрот. Погрешните политики ги иселија граѓаните. Здравството тоне, образованието е руинирано, на инфраструктурно поле се стагнира. Се што прави СДСМ е само поткусурување со македонските национални интереси“.

    Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го намали данокот на добивка и персоналниот данок на доход на стапка до 8% и ќе обезбеди даночна предвидливост, се вели во партиското соопштение.

    „250 милиони евра ќе завршат годишно во општините како капитални проекти, преку Министерството за транспорт и врски. Нема да има општина во Македонија која нема да се развива. Ќе се развиваат и малите и големите општини, и во источниот и во западниот дел од државата. ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на инфраструктурата и на изградба автопатите од Гостивар до Кичево и од Велес до Меџитлија. На Македонија ѝ требаат проекти и многу работа, а не поделба“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img