More

    Студентите денеска излегуваат на протест

    spot_img

    Студентите денеска ќе протестираат пред Министерството за образование и наука поради, како што велат, неправдите врз нив и против неефикасното работење на ресорното министерство.

    Преку протест студентите ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.

    Организатотори на протестот, кој е најавен во 14 часот, се Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Факултетските студентски собранија на УКИМ и со поддршка од универзитетските студентски собранија на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (УКЛО), Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД), „Мајка Тереза“, АУЕ-ФОН и Американ Колеџ.

    ОДАС – Организација за дијалог и афирмација на средношколците ги поддржува студентите и нивните барања. Преку соопштение тие побараа од институциите да се обрне внимание на студентските домови, студентскиот оброк, студентските стипендии и сличните проблеми на студентите. Апелираат да се консултираат сите студентски здруженија во решавањето на овие проблеми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img