More

    Струјата нема да поскапи од 1 јули

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски не очекуваат зголемување на цената на струјата и од 1 јули годинава.

    – Во соработка со Регулаторната комисија за енергетика која ја утврдува цената и со ангажман на експерти од факултетите, веќе се прават одредени анализи и се прават опции за промена на начинот за утврдување на цената на струјата кој треба да биде во прилог на зачувување на стандардот на граѓаните. А според она што го имаме како постоечките податоци и наредните анализи не очекувам зголемување на цената на струјата и од 1 јули туку ќе има намалување на цената за домаќинствата и за малите потрошувачи – рече Бектеши.

    Тој не ја исклучи можноста владата да ја продолжи мерката за намален ДДВ за струјата.

    Ваков став искажа и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој, како што рече, го базира на податокот дека сите енергетски капацитети работат.

    -Ако го исполниме планот според кој производството на електрична енергија годинава ќе биде поголем за 20 отсто во однос на лани и ако се биде како што треба не очекувам зголемување на цената на струјата од 1 јули – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img