More

    Српскиот адвокат Боривоје Боровиќ изјави денес дека телото на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор, која исчезна на 26 март, никогаш нема да биде најдено

    spot_img

    Српскиот адвокат Боривоје Боровиќ изјави денес дека телото на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор, која исчезна на 26 март, никогаш нема да биде најдено. Тој за агенцијата Бета кажа дека под притисок на политичката власт полицијата истрагата ја сработила „невешто и непрофесионално“, пишуваат српските медиуми.

    – Овој случај полицијата го упропасти бидејќи јавно ја водеше истрагата, објавувајќи ги дури и изјавите кои обвинетите ги давале на сослушувањето. Погрешно е што и на јавноста и на обвинетите им е соопштено дека за тоа кривично дело е предвидена доживотна казна затвор. Потоа во полициската станица почина еден од осомничените, веројатно под тортура. Сега секој обвинет, кој преживеал, може да каже дека под полициска тортура му е изнудена изјавата – изјави адвокатот.

    Според него, ако се докаже дека братот на осомничениот Дејан, Далибор Драгојевиќ, починал поради полициска тортура, изјавите на останатите обвинети кои го признале злочинот не можат да бидат доказ.

    – Ако нема ни траги на ДНК од возилото, тоа ќе значи дека политичарите ги контаминирале сите докази, бидејќи избрзано сакале да соопштат дека е решен тој случај. Полицијата поприлично се посрами што ни по два месеци не го најде телото. Очигледно е дека не презеле на време криминалистички и форензички дејства, туку зависеле од полиграфот, што е небитно за обвинителската истрага – кажа Боровиќ.

    Истакна дека телото на девојчето нема да биде најдено.

    – Телото на Данка Илиќ нема да биде најдено и истрагата ќе мора да сопре, а оваа трагедија ќе биде претворена во фарса – процени тој.

    Малата Данка Илиќ исчезна на 26 март од семејниот двор во населбата Бањско поле крај Бор. Дека девојчето е убиено на јавноста ѝ соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ на 4 април. Поради сомнеж дека малата Данка прво ја удриле со службениот автомобил, а потоа ја ставиле во возилото и ја убиле, уапсени се Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), вработени во јавното претпријатие Водовод во Бор.

    Тие се обвинети и дека телото на девојчето го фрлиле на депонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img