More

    Средношколците и МОН се договорија за полагањето државна матура

    spot_img

    Министерството за образование и наука во допис до медиумите информира за прифатените барања на Сојузот на средношколци кои денеска имаа средба со министерот Јетон Шаќири.

    „Ќе се споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред интерниот испит со број на прашања трипати поголем од бројот на прашања на испитот, ќе им се препорача на универзитетите првиот екстерен испит да биде соодветен на сите студиски програми, а ќе се препорача и промена на соодносот на поените меѓу екстерните и интерните испити при упис, во корист на интерните. Ова се барањата од Сојузот на средношколци за адаптирање на државната матура коишто беа прифатени од Министерството за образование и наука, а денеска на средба со нив, им беше соопштено од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, наведува МОН.

    Поради веќе донесениот Календар за оваа учебна година, наведува МОН, на претставниците на Средношколски сојуз им било појаснето дека не е можно одложување на датумот на првиот екстерен испит, што е едно од барањата на Сојузот.

    „Оттука, како дополнително и компромисно решение, беше понудено намалување на обемнсота на тестот по мајчиниот јазик преку дополнување на Концепцијата за полагање државна матура, училишна матура и завршен испит во јавното средно образование“, соопштува Министертсвото.

    МОН го пренесува и ставот на министерот Шаќири дека има согласност со голем дел од барањата на Сојузот за олеснување на процесот на полагање имајќи предвид, како што вели, „на кој начин оваа генерација матуранти ја следеше наставата“.

    – Токму во таа насока и ќе воведеме олеснување при полагањето на тестот по Мајчин јазик да се намали по обемност, односно да носи од 60 до 80 поени, а не како досега од 80 до 100 поени. Ова подразбира и дека во содржината на тестот ќе има намалување на бројот на прашања поврзани со способноста литература, што како предлог од Сојузот на средношколци беше прифатено – вели Шаќири.

    Како особено важно барање од Сојузот на средношколци Шаќири го истакнал барањето за споделување на материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот, за што на присутните средношколци им посочил дека тоа е прифатено, а бројот на прашања во банките ќе биде трипати поголем од бројот на прашања на испитот, како што и било побарано.

    „Едно од барањата на учениците околу државната матура – Владата да им препорача на сите универзитети во земјава првиот екстерен предмет – Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да го сметаат за соодветен, со што ќе се зголеми неговиот придонес во поените за државната матура, но ќе се покаже дека државата го негува и се грижи за мајчиниот јазик, од страна на Државниот матурски одбор и Министерството за образование и наука е прифатено и за истото министерот Шаќири ќе испрати допис до сите универзитети во државата со препорака на која искрено се надева дека ќе биде позитивно прифатена и имплементирана“, наведува МОН.

    Приоритет на Владата, според министерот, е организирање на државна матура која ќе биде според сите законски прописи.

    – Воедно и да ги слушнеме барањата и потребите на матурантите знаејќи дека од државната матура за нив зависи запишувањето во високообразовни установи во државава и во други земји – смета Шаќири.

    „Со одлуките на МОН и на другите надлежни институции, донесени во интерес на матурантите, беа запознати и претставниците на ОДАС – Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците, кои исто така присуствуваа на средба во МОН“, наведува Министерство за образование и наука.

    Три од четирите барања на Сојузот на средношколци, кои пред десет дена ги усвои нивното Генерално собрание, се прифатливи за Министерството за образование и наука, соопшти претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имале со министерот Јетон Шаќири. Не е прифатливо само барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај за 3 јуни и од МОН им било понудено компромисно решение односно олеснување во бодувањето.

    – Поради веќе утврдениот календар за одржување на учебната година, од логистички причини и поради претходен план, не беше прифатено нашето барање екстерниот испит да се помести од 27 мај на 3 јуни. Дополнителна компликација прави и православниот празник Духовден и продолжениот викенд. Но МОН како компромисно решение ни понуди намалување на обемноста на материјалот, што значи интервенција во бројот на поени – ако носи 100 да биде 80, интервенција во перцентилните рангови за оценка и по однос на други модалитети во однос на првиот екстерен испит – рече лидерот на Сојузот на средношколци.

    Ова компромисно решение, рече Павиќевиќ, ќе го презентираат денеска на вонредна седница на Генералното собрание на Сојузот и делегатите ќе се произнесат дали го прифаќаат предлогот на МОН.

    Нагласи дека Сојузот, сепак успеал, како што рече, за 75 отсто од нивните барања затоа што МОН се согласува да ги исполни останатите три барања.

    За МОН е прифатливо барањето Владата да им препорача на универзитетите промена на соодносот на поени од испитите при упис на факултет односно наместо сегашните 24, екстерните да носат 20 поени, а интерните да носат 16 наместо 12 поени и проектната задача 4 поени.

    – Второто барање е исто така прифатено – Владата да даде препорака до универзитетите првиот екстерен предмет – Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да биде соодветен на сите универзитети. Освен што е дополнително олеснување на матурантите, претставува и државнички чин зашто се покажува грижа за мајчиниот јазик – рече Павиќевиќ.

    Прифатено е и барањето наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот и бројот на прашања во банките да биде три пати поголем од бројот на прашања на испитот.

    Пред средбата, претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, изјави дека очекува повторно да ги искажат нивните барања, кои се разликуваат од тие на Сојузот на средношколци со кои Шаќири претходно денеска се сретна. Таа нагласи дека поради многу изгубени часови и загубен квалитет на наставата, најдобро е обемот на материјалот за испитите на матурата да биде намален.

    – Нашите барања се скратување на обемот на материјалот предвиден за полагање на државната матура за оваа година. Тоа е поради големиот број фактори кои мошне негативно влијаеја на нашето образование, квалитетот на настава и бројот на часови што беа реализирани. Во корона-кризата наставата беше онлајн, дојавите за бомби беа актуелни до пред некое време и наголемо ја попречија наставата, секој ден учениците беа евакуирани од училиштата, а секако, имаше и протести на просветните работници и штрајкот на вработени во ЈСП што го попречи доаѓањето на голем број ученици на училиште – изјави Угриновска.

    Се надева дека министерот, кој веќе е запознат со нивните барања, ќе им одговори, како што рече, со слух и позитивно.

    – Доколку не се одговори позитивно, мислам дека средношколците ќе одговорат со револт – додаде Угриновска.

    На прашањето каков е ставот на ОДАС за барањата на Средношколскиот сојуз и тоа што МОН прифатило три од четири, таа одговори дека се радува што Министерството „има слух за барања на младите и средношколците“.

    – На средбата со министерот Шаќири останува да ги слушнеме кои барања биле прифатени и официјално министерот да ни ги пренесе… Најефективно за средношколците би било сите страни да бидат усогласени. Не работиме едни против други, работиме за бенефит за средношколците – додаде претседателката на ОДАС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img