More

    Средба на министерот Бектеши со чешкиот амбасадор Лудва: Зголемувањето на економската соработка со Чешка е наш приоритет

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија.

    Министерот Бектеши му посака успешен мандат на амбасадорот Лудва и изрази надеж за продолжување на одличната соработка помеѓу двете земји.На средбата беше констатирано дека има има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

    Во таа насока министерот Бектеши ја нагласи важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на билатералната трговија и зголемувањето на чешките инвестиции во земјата.

    Министерот бектеши нотираше дека Чешката Република е значаен трговски партнер на нашата држава, во 2018 и 2019 година се наоѓа на 19-то место со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена, на 18-то место во 2020 година и на 16 место во 2021 година.

    Во 2021 година, вкупната билатерална трговија е со раст од 26,7%, извозот е зголемен за 78,7%, а увозот за 1,1% во однос на 2020 година.

    Министерот Бектеши истакна дека Република Северна Македонија и Чешката Република бележат позитивен равој во меѓусебните економски односи што може да се констатира меѓудругото и преку зголемувањето на трговската размена во изминатите неколку години.

    Двете страни покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи, во рамки на одржаните седници на Мешовитиот комитет согласно билатералниот Договор за економска и индустриска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република.

    Министерот Бектеши и амбасадорот Лудва се согласија да продолжи комуникацијата во насока на подобрување на економските релации и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој на двете земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img