More

    Срамна изјава на таткото на еден од осомничените, најавува тужба против полицијата

    spot_img

    Душан Јанковиќ, таткото на Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, застана во одбрана на својот син и тврди дека неговата вина сѐ уште не е докажана и најави дека ќе ја тужи полицијата доколку Срѓан биде ослободен од обвинението.

    „Можеш да одиш таму од каде што си дошол. Сè уште ништо не е решено, а ти од вчера трчаш и пишуваш секакви работи. Лежете само. Сте напишале сѐ што не е ни на повидок, а камо ли вистината. Од каде знаеш дека го направил тоа? – го прашал репортерот на Блиц.

    Кога новинарот изјавил дека полицијата објавила дека неговиот син е осомничен за кривично дело, Душан продолжил во истиот дух.

    – Полицијата може да лаже како сака. Така ми кажуваат и мене, а тој ништо такво не направил. Да почекаме да се докаже на суд. Уште не го нашле девојчето, а велат дека сѐ заврши. Не е готово, допрва треба да се утврди. Не барајте ништо однапред – истакнал тој.

    Блиц пишува дека тој бил видно лут и незадоволен од тоа што полицијата во потрага по телото на девојчето му ја ископала градината со засадена зелена салата.

    – Уништија сè и го расфрлаа ѓубривото. Ми ја уништија целата зелена салата. Ми уништија сè. Погледнете што направија со оваа салата. Зар не е тажно? – праша Душан.

    Тој истакнал дека по апсењето немал можност да разговара со синот ниту пет минути.

    – Нема да кажам ништо додека не видам како ќе му судат. Ако е виновен, тој е виновен. Доколку не е ќе ја тужиме полицијата дека го малтретирала – рекол Душан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img