More

    Сослушана жената од таксито што го киднапираше Урош Блажиќ

    spot_img

    Жената која беше во таксито што го киднапираше убиецот Урош Блажиќ по масакрот во Младеновац денеска беше сослушана пред Вишото јавно обвинителство во Смедерево, каде кажа дека ја измислила бременоста откако убиецот го киднапирал возилото, бидејќи таа се плашела дека ќе ја убие, објави Блиц.

    Како што пренесува српскиот медиум, таа раскажала дека бременоста ја измислила откако Урош Блажиќ го запрел таксито во кое била патничка, за да се спаси. Според нејзините тврдења, Урош Блажиќ и се заканувал со смрт на неа и на таксистот.

    – Таа рече дека Блажиќ имал две бомби со себе и им се заканил дека ќе ги фрли. Решила да го излаже дека е бремена за да се спаси и себе и таксистот – вели изворот на Блиц кој е запознаен со истрагата.

    Исто така, таа денеска одговараше на прашања во колку часот Блажиќ влегол во автомобилот, како и каде влегол во возилото, да опише како изгледал, како и да каже дали го видела оружјето на Блажиќ и кое.

    Според информациите, исказ во обвинителството дал и нејзиниот сопруг кој по киднапирањето ја чекал на наплатна рампа.

    Да потсетиме, на 4 мај во текот на вечерта Урош Блажиќ го започна својот крвав поход. Убил пет селани во селото Мало Орашје, од кои најмладата жртва има 15 години. Потоа продолжил кон селото Дубона, каде убил полицаец, неговата сестра и нивниот пријател. Уапсен е следниот ден во раните утрински часови во близина на Крагуевац, откако киднапирал таксист и му се заканил дека ќе го убие доколку не го вози.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img