Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.