Време денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 7, прогнозираат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.