More

    Сојузот на синдикатите на Македонија најавува дека ќе ги оспори пред Уставен суд измените на законот за работни односи кои се пред усвојувањето во Собранието

    spot_img

    Сојузот на синдикатите на Македонија најавува дека ќе ги оспори пред Уставен суд измените на законот за работни односи кои се пред усвојувањето во Собранието. Претседателот на синдикатот на градежништво Иван Пешевски во неделното интервју за Радио Слободна Европа очекува дека Уставниот суд повторно ќе ги донесе истите заклучоци со кои овој закон ќе се прогласи за неуставен. Со тој закон нема да има 60 часовна работна недела, туку ќе биде 72-часовна, вели Пешевски.

    – Нашата Влада дефинитивно смета дека треба да ги врати македонските градежни работници во робовладетелство и феудализам и да работат од 40 – 60 како редовни часови, плус 12 часа да се плати како прекувремена работа. Согласноста која што ја кажува и министерката за труд и социјална политика сама по себе е неуставна. Вие како работник не можете да се согласите да работите толку дури и ако сакате. Значи нема цена што може вас да ве плати да работите по 72 часа неделно. Со било каква согласност сама по себе таа е неуставна и повторно ние ќе ги оспоруваме тие согласности – вели Иван Пешевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img