More

    Изет Меџити вели дека лидерот на ДУИ потклекнал пред барањата на „Достоинство“

    spot_img

    Претседателот на ДУИ Али Ахмети доживеа лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, како коалиционен партнер во Владата, да го уценува – изјави поранешниот висок функционер на ДУИ Изет Меџити, кој вчера беше исфрлен, заедно со уште четворица други членови, од Централното претседателство на „интегративците“.

    Ова следува откако Ангелов вчера објави дека премиерот Димитар Ковачевски и Ахмети се подготвени да разговараат за барањето на „Достоинство“ за обештетување на бранителите од војната во 2001 година. Меџити вели дека најновиот срам за ДУИ е потклекнувањето пред поранешниот бранител Стојанчо Ангелов, заради социјалдемократите.

    – Господинот Ахмети ги оквалификува како ултиматуми или како огромни неприфатливи барања кои ќе служат за зајакнување на ДУИ, но во исто време гледаме ултиматум од Стојанче Ангелов, кој нема ни пратеник во Собранието, само за да не ги доведе во опасност 4-5-тте илјади гласови на неговиот партнер СДСМ, прифатен е ултиматумот за бранители, заборавајќи ги војниците на ОНА. Сè ова говори дека ДУИ е заробена од диво месо и платеници, узурпатори кои се таму за интереси и функции – рече Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img