More

    Со освоените 58 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во комотна позиција да состават стабилна Влада блиска и до двотретинско мнозинство

    spot_img

    Со освоените 58 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во комотна позиција да состават стабилна Влада блиска и до двотретинско мнозинство.  Според првичните најави во владината коалиција ќе биде здружена албанската опозиција, односно коалицијата Вреди, а се очекува во владеачкото мнозинство да влезат и шесте пратеници од партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

    – Онаа коалиција која што ја говоревме и пред изборите дека е најверојатна, тоа е ВМРО-ДПМНЕ со Вреди и најверојатно со ЗНАМ на Максим Димитриевски, со што би се обезбедило мнозинство кое не само што е стабилно стабилно, туку е и многу блиску до двотретинско во следниот Парламент – изјави  Владимир Божиновски во анализата за Алфа ТВ.

    Дека Мицковски прво ќе седне на маса со Вреди и со ЗНАМ најавува и политичкиот аналитичар Александар Ристевски.

    – И од страна на најголемата победничка партија посакувани партнери се пред сè албанската опозиција со коалицијата Вреди која има 13 пратеници. Автоматски таа потенцијална Влада би имала 71 пратеник и би имала и повеќе од стабилност. И тука мислам дека како опција се и шесте пратеници на Максим Димитриевски, со тоа што со таа некаква комбинаторика би се приближиле и до моментот на 80 пратеници – цели Ристевски за Алфа ТВ.

    Со цел засилување на мнозинството според Ристевски, можно е Мицкоски да тргне во преговори со пратеници и кои се дел од коалицијата на ДУИ, бидејќи според нив добар процент од нив воопшто и не се дел од интегративците, туку од други партии.

    – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе се потрудат во таа кошница од гласови да земат уште некој претставник, јас мислам дека и од коалицијата на ДУИ. Затоа што ние цело време велиме ДУИ, ДУИ, ДУИ. Во тие 19 пратеника на ДУИ, всушност на коалицијата, мислам дека можеби 35-40% не се нивни пратеници и мислам дека дел од таа структура ќе се издвои и ќе се обиде да влезе во владината структура – истакнува Ристевски.

    Таа варијанта не ја исклучува ни Владимир Божиновски, бидејќи станува збор за нова коалиција, а во неа и кадри кои претходно беа дел од Владите и на СДСМ, но и на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Ќе зависи и самиот однос што го имаат внатре во таа коалиција. Таа коалиција е релативно нова, се формираше пред изборите, најголем дел од тие партии беа претходно во коалиција со СДСМ, ако не се лажам дел од нив беа и во претходната Влада и на ВМРО-ДПМНЕ. Така да не можам тоа да го исклучам, но се зависи на која основа се поставени самите односи помеѓу ДУИ и помалите коалициски партнери – посочува Божиновски.

    Во Европскиот фронт на ДУИ, кој доби 19 пратеници, дури 9 се од коалиционите партнери, а еден од оние кои влегуваат во новиот состав на парламентот е и Муса Џафери, кој беше дел од партиската фракција, па подоцна повторно се врати во тимот на Али Ахмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img