More

    Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево

    spot_img

    Директорка на средно училиште од Делчево доби кривична пријава за несовесно работење. Без да спроведе транспарентна постапка, таа извршила набавка во вредност од над 900.000 денари. Во последните неколку дена ова е втор случај директорка на образовна институција да одвговара за незаконска набавка. Претходно за сличен прекршок беше поднесена кривична пријава и за директорка на детска градинка во Скопје.

    „Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц.(52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Пријавената, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност“ – информираат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img