More

    Сменет шефот на германската агенција за сајбер безбедност, извештај за врските со Русија

    spot_img

    Шефот на германската агенција за сајбер безбедност е сменет по извештаите за можни врски со руското разузнавање, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.Според извештаите, министерката за внатрешни работи Ненси Фесер го разреши Арне Шенбом од позицијата шеф на агенцијата БСИ, по обвинувањата дека ја „поткопала потребната доверба на јавноста во неутралноста и непристрасноста“ на неговото раководство, пренесе германската новинска агенција dpa.

    Шенбом е ко-основач на групата за сајбер безбедност, која обединува експерти од јавните институции и приватниот сектор. Германските медиуми објавија дека еден од членовите на таа група е компанија основана од поранешен агент на руските разузнавачки служби. Германската влада пред повеќе од една недела објави дека детално ги истражува извештаите.

    53-годишниот Шенбом е на чело на германската агенција BSI од февруари 2016 година. Засега не е кажано кој ќе го заземе неговото место. Од министерството изјавија дека одлуката за негово отпуштање е во интерес и на 1.500-те вработени во агенцијата и нивната способност да работат без шпекулации за кадровски прашања, јави ДПА.

    Во Германија расте загриженоста дека клучната инфраструктура на земјата би можела да биде цел на Русија поради германската поддршка за Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img