More

    Словенците бара извинување за навредите од Вучиќ

    spot_img

    Словенечкото Министерство за надворешни работи го повика на разговор в.д. амбасадорот на Србија во Љубљана поради изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ против Словенија по седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово.

    Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјавите на Вучиќ ги оцени како навредливи и неприфатливи.

    – Бараме објаснување, извинување, тоа не е во духот на добрососедските или пријателските односи. Очекуваме Србија да дејствува во духот на европските вредности што ги брани – наведе Фајон, додавајќи дека изјавите на Вучиќ се невистинити.

    Вучиќ вчера изјави дека Србија паднала во замка што и ја поставиле САД, Швајцарија и Словенија.

    – Кога се одложи седницата на СБ, се прашував за што се работи, но потоа сфативме дека се договориле со Американците, Словенците и Швајцарците. Не се знае кој е поодвратен, Словенците или некој друг – истакна вчера Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img