More

    СКАНДАЛ: Во ОУ Братство Единство – Лескајца ученик паднал од втор кат, директорот на училиштето и дежурниот лекар го сокриле настанот од полиција и општинската власт

    spot_img

    Ученик во едно основното училиште Братство Единство – Лескајца Охрид, минатата недела паднал од балконот на втор кат од училиштето и се здобил со тешки телесни повреди за време на часот. Ученикот бил хитно префрлен со Итната медицинска помош со тешки телесни повреди на траума во Скопје.

    Директорот на училиштето Братство Единство – Лекајца Мехмед Џемал и класниот раководител го сокриле немилиот настан и не известиле полиција!

    Како што дознава редакцијата Охридскај, овој настан се сокривал не само од јавноста, туку и од органите на прогонот – Полицијата.

    Се поставува отворено прашањето зошто класниот раководител на ученикот и директорот на училиштето откако се случил настанот и покрај тоа што биле должни да го пријават настанот  во полиција, како и да го известат градоначалникот на Охрид, за немилиот настан, тоа не го сториле! Што сакале да сокријат?

    Дежурниот лекар на ИМП од Охрид кој постапувал и пружал помош на настраданиот ученик, исто така имал законска обврска веднаш да ја извести полицијата. Зошто дежурниот лекар постапил спротивно на Законот и што тој сакал да сокрие од настанот?

    Настанот го разоткри редакцијата Охридскај благодарение  на свиркач од училиштето.

    Редакцијата Охридскај побара одговор од охридската полиција во врска со настанот, но до овој момент од страна на училиштето немало таква пријава за настан, а полицијата веднаш ќе постапела во текот на деношниот ден во врска со наодите на Охридскај.

    Нешто чудно се случува во ОУ Братство Единство – Лескајца во Охрид!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img