More

    Скандал во Лондон: Челзи смени директор поради „непримерни пораки“

    spot_img

    Англискиот фудбалски клуб Челзи го отпушти комерцијалниот директор Демијан Вилоби поради испраќање „непримерни пораки“.

    Сините го отпуштија својот комерцијален директор помалку од еден месец откако тој ја доби работата на Стемфорд Бриџ.

    Вилоби почна да работи во Челзи претходно овој месец, откако клубот беше преземен од инвестициска група предводена од Тод Боли и Клирлејк Капитал.

    „Доказите за несоодветни пораки испратени од Вилоби пред неговото назначување во Челзи неодамна беа доставени до клубот и беа истражени од клубот“, изјави портпаролот на клубот за Ројтерс.

    „Иако пораките беа испратени пред неговото вработување во клубот, таквото однесување е апсолутно спротивно на работната средина и корпоративната култура воспоставена од новата сопственост на клубот“, додаде тој.

    Телеграф објави дека Вилоби испратил несоодветни пораки до фудбалската финансиска агентка Каталина Ким, која се пожалила на претседателот на блузот Том Глик по малтретирањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img