More

    Силвио Берлускони „симболично“ се ожени со својата 53 години помлада партнерка Марта Фасцина

    spot_img

    Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) „симболично“ се ожени со својата 53 години помлада партнерка Марта Фасцина (32), членка на неговата партија Форца Италија, пишува „Дејли мејл“.

    Се појавија снимки од раскошната прослава, одржана во историскиот имот наречен Вила Гернето во градот Лесмо, северно од Милано.

    Иако церемонијата била многу слична на свадба, парот официјално не се венчаше поради кавгата околу наследството меѓу семејствата. Се верува дека петте возрасни деца на Берлускони се огорчени од намерата на нивниот татко да се ожени со Марта Фасцина, што ќе ѝ донесе право на богатството од повеќе од 5 милијарди фунти.

    Берлускони започна романса со Фасцина откако ја раскина врската со Франческо Паскале (34) во 2020 година. Фасцина дипломирала калабриска книжевност и има повеќе од 16.000 следбеници на Инстаграм, каде што најчесто објавува политички содржини.

    Да потсетиме, поранешниот премиер крена прашина со неколку секс-скандали со проститутки, а сѐ уште му се суди за поткуп на сведоци во случајот со малолетничка проституција.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img