More

    Силвестер Сталоне одлучи да ја покрие и втората тетоважа посветена на неговата поранешна сопруга Џенифер Флавин

    spot_img

    Славниот актер Силвестер Сталоне (76) одлучи да ја покрие и втората тетоважа посветена на неговата поранешна сопруга Џенифер Флавин, која во август поднесе барање за развод по 25 години брак.

    Сталоне така уште еднаш побара помош од мајсторот за тетоважи од Оклахома Сити, Зак Перез, кој тетоважата на очите на Џенифер Флавин ја покри со лице на леопард, пишува „Пејџ сикс“.

     

    Интересно е што и првиот цртеж на неговата рака во чест на големата љубов, со ликот на неговата поранешна сопруга, ја „покри“ со тетоважа на животно, само што тогаш се работеше за куче, односно на Буткус, куче од хит филмскиот серијал „Роки“ во кој Сталоне ја толкуваше главната улога.

     

    Покривањето на тетоважата ѝ претходеше на веста за разводот на славната двојка, односно за поднесување документи за покренување на бракоразводна постапка од страна на Џенифер откако на Инстаграм го отследи својот наскоро и официјално поранешен сопруг.

    Разводот на Сталоне е навистина необична приказна од светот на познатите. Се пишуваше дека бракот на актерот „пукнал“ поради расправија за ротвајлерот Двајт. Славниот Рамбо подоцна го демантира тоа, а Џенифер изјави дека нејзиниот поранешен партнер донел важни одлуки без нејзино знаење и дека се’ повеќе троши пари, што се одразува врз нивното семејство.

     

    Џенифер Флавин и Силвестер Сталоне имаат три ќерки, а актерот досега се женеше трипати.

    Тој изјави дека Џенифер е најдобрата жена што некогаш ја запознал, а неодамна беше забележан во Рим како ужива на вечера со мистериозна дама.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img