More

    Шумски пожар му се заканува на Мачу Пикчу

    spot_img

    Перуанските пожарникари се борат со шумски пожар во близина на урнатините на античкиот град на Инките Мачу Пикчу, високо на Андите.

    Пожарот моментално зафаќа површина од околу 20 хектари, а избувна во вторникот кога земјоделците палеле трева во подготовка за нова сеидба.

    Директорот на Канцеларијата за управување со ризик и безбедност на блискиот град Куско, Роберто Абарка, изјави дека пожарникарите веќе два дена се борат со пожарот, кој не може да се стави под контрола поради прилично непристапната област.

    Мачу Пикчу, комплекс од камени згради на врвот на планина, бил изграден пред повеќе од 500 години од Инките, чија империја контролирала големи делови од Јужна Америка, од денешен јужен Еквадор до централно Чиле.

    Комплексот е водечка туристичка дестинација во Перу и се смета за едно од новите седум светски чуда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img