More

    Што содржи новиот Закон за платежни услуги?

    spot_img

    Доколку граѓанинот ја загуби или му е украдена платежната картичка, при што со неа се извршени трансакции коишто не ги авторизирал тој, законски се ограничува износот до кој граѓанинот може да ги покрие загубите и тој изнесува најмногу 1.200 денари. Ова го предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, во кој заштитата на потрошувачите е многу важно прашање, посочува директорот на Дирекцијата за платни системи во Народната банка, Игор Величковски, во гостување за „Блумберг Адрија”.

    – Граѓанинот треба да ги преземе сите разумни мерки за да го заштити пинот на картичката. На пример, ако пинот и платежната картичка ги чувате на исто место во паричникот и тој ви е украден, тогаш настанатата штета или загуба од сите овие неавторизирани трансакции, целосно ја покрива граѓанинот. Исто така, треба да го извести давателот веднаш штом добие сознание дека му е изгубена или украдена платежната картичка – вели Величковски.

    Со новата правна рамка во платежната сфера, за заштита на потрошувачите,  детално се уредуваат и обврските на давателите на платежни услуги, поточно кои информации треба да им ги дадат на граѓаните пред склучување рамковен договор за користење платежни услуги.

    – До крајот на септември оваа година, Народната банка на својата интернет-страница ќе овозможи споредување на надоместоците на најрепрезентативните услуги, односно за услугите коишто граѓаните најчесто ги користат преку платежните сметки, при што граѓаните на едно место ќе може да ги споредат надоместоците коишто ги наплаќа секој давател и да одлучат кој од нив им нуди најповолни услови за извршување на плаќањата – рече Величковски.

    Исто така, интересите на потрошувачите се штитат и со отворање на пазарот и раст на конкуренцијата. Имено, во моментов граѓаните и компаниите користат платежни услуги само од банките, а во иднина ќе може да вршат плаќања преку постојните штедилници, но и преку нови правни лица коишто ќе нудат платежни услуги, коишто би се појавиле на пазарот наредниот период.

    – Новите даватели на платежни услуги ќе работат како платежни институции или како институции за електронски пари, за што ќе треба да добијат дозвола од Народната банка. Условите коишто треба да ги исполнат за да добијат дозвола веќе се уредени со новиот закон, а подетално се опишани со подзаконските акти коишто Народната банка ги донесе во текот на 2022 година и таа нова рамка е во примена од почетокот на оваа година. Новите даватели би им понудиле можност на граѓаните и компаниите да отвораат платежни сметки преку коишто ќе вршат плаќања за различни потреби, но потпирајќи се пред сѐ на дигиталните канали за полесно иницирање на плаќањата, како што се решенијата за мобилни плаќања, но и нивно побрзо извршување – вели директорот на Дирекцијата за платни системи.

    Според него, тоа би ја зајакнало конкуренцијата на пазарот на платежни услуги и ќе придонесе за зголемување на иновациите и решенијата за извршување плаќања и од страна на постојните играчи, како што се банките и штедилниците, но и простор за намалување на надоместоците, односно за поевтино извршување на плаќањата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img