More

    Што ќе значи новата американска помош за фронтот во Украина?

    spot_img

    Американскиот Конгрес за викендот ја откочи долгоочекуваната помош од 61 милијарда долари за Украина. Пакетот најверојатно ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана, ракети со среден до долг дострел и артилериски гранати.

    Колку ова може да ѝ помогне на Украина да ги врати териториите заземени од Русите? Во последните месеци Русите напредуваа и зазедоа стотици квадратни километри, а видливо е украинско повлекување.

    Американскиот сенатор Марк Ворнер во изјава нагласил дека Украина во последните две години со воената помош од САД успеала да уништи 87 отсто од постоечките руски копнени сили, 67 отсто од руските тенкови и 32 отсто од руските оклопни транспортери (АПЦ).

    Тој вели и дека воената помош за Украина досега САД ги чинела помалку од 3 отсто од воениот буџет.

    Колку брзо може да пристигне помошта? Инситутот за проучување на војната во САД на Икс објави:

     

     

    „Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, сенаторот Марк Ворнер, на 21 април објави дека одредбите на САД за воена помош за Украина, вклучително и ракетите со долг дострел АТАКМС, ќе бидат во транзит кон Украина „до крајот на неделата“ доколку Сенатот го усвои нацрт-законот за дополнителни резервации на 23 април, а американскиот претседател Џо Бајден го потпишува до 24 април“.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до Претставничкиот дом на САД што го одобри новиот пакет велејќи дека помошта може да спаси илјадници животи. Киев ја чекаше помошта шест месеци.

    Но, Би-Би-Си пишува дека новата помош не е „сребрен куршум“ за Украина:

    „Во овој период на ретки засилувања за Киев, ова беше големо – пристигнувањето на американското вооружување ќе им овозможи на неговите опколени трупи да направат повеќе отколку да се откажат. Но, тоа не е сребрен куршум“.

    Во статијата на Би-Би-Си се вели и дека „кога ќе пристигне помошта, Украина може потенцијално да ја оспори воздушната супериорност на Русија, да ги фрустрира нивните линии за снабдување и да го забави напредувањето на војниците“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img